Активности

Вторник, 29 јуни 2021

Четврта работилница за воспоставување иституционални механизми за следење на примената на Етичкиот кодекс за пратениците

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во соработка со Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), со финансиска помош од Швајцарија, како и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР, ја организираа четвртата работилница за воспоставување на иституционални механизми за следење на примената на Етичкиот кодекс за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

На работилницата, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, зедоа учество  и пратеници, претставници на службата на Собранието, како и експерти од областа на етиката.

Теми на оваа работилница беа: Предлог-етичкиот кодекс за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, претставување на компаративен преглед на институционални механизми за примена на Етичкиот кодекс на однесување (меѓународни практики), а се заклучи институционалната структура на телата за следење на примена на Кодексот да се уреди во новиот Деловник на Собранието на Република Северна Македонија и да се покрене иницијатива од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за измена на Законот за пратениците во делот на правниот основ за донесување на Етичкиот кодекс за пратениците.

Click