Четврток, 19 ноември 2020
Четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 4. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.
Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законот. Комисијата, без дискусија, го проследи истиот на натамошна постапка во Собранието.