Активности

Понеделник, 6 септември 2021 година

Литванска поддршка за патот кон ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, г. Арбер Адеми, заедно со членовите на Комисијата, денеска, имаа средба со парламентарната делегација  на Групата за Интер-парламентарна соработка со земјите на Западен Балкан, на Република Литванија, предводена од шефот на Делегацијата, г. Ажубали, а во чиј состав беа и г.Ракутис, г. Вилкаускас и  г-ѓата Јурате Јагуцкиене, амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија.

На средбата, беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби во земјата и пошироко во регионот, при што беше нагласена поддршката на Литванија за продолжување на процесот на проширување за зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Притоа, посебно беше нагласена потребата за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија,  во поскоро време.

Во однос на заедничката европска безбедносна политика литванската делегација нагласи дека Северна Македонија дава значаен придонес, истакнувајќи притоа дека земјата води мирољубива политика во регионот, преку договорно решавање на сите прашања со соседите.

На средбата, гостите упатија честитки по повод претстојниот 30-годишен јубилеј од независноста на Северна Македонија.

Претседателот на Комисијата, г. Адеми, заблагодарувајќи се на упатените честитки за нашиот јубилеј, како и на поддршката на Литванија за нашите евроинтегративни процеси, истакна дека Литванија е наш докажан пријател со кого имаме одлични билатерални односи на сите полиња. 

Click