Активности

Петок, 9 април 2021

Онлајн состанок на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата денеска одржа онлајн состанок со претставници на Советот на Европа, во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility II“ и Проектот за промоција на еднаквоста и различноста.

Акцијата за унапредување на различноста и еднаквоста во Северна Македонија е дел од заедничката програма на Советот на Европа/ЕУ „Horizontal Facility II“  за Западен Балкан и Турција II и една од нејзините главни цели е да работи на борба против дискриминацијата и да ги поддржува институциите и партнерите во борба против дискриминацијата и говорот на омраза и заштита на ЛГБТИ правата.

Како претставници на Советот на Европа, на состанокот беа присутни: Лејла Дервишагиќ, оперативна директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје; Анџела Лонго, програмска менаџерка од Одделот за антидискриминација и Марија Андреева, проектна раководителка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Учесниците на состанокот меѓусебно се запознаа и се информираа за  досегашната работа и активности, како и за планираните активности, а дискутираa и за можностите за идна соработка.

Пратениците истакнаа дека овој иницијален состанок претставува огромно задоволство за сите учесници и  изразија подготвеност да придонесат во борбата против дискриминацијата и говорот на омраза и заштитата на правата на ЛГБТИ.

Меѓу другото, беше потенцирано дека пратениците работатат на подготовка на изменување и дополнување на законската регулатива во врска со правното признавање на родот на трансродовите лица, што е резултат на процесот и имплементација на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Случајот „Х против Северна Македонија“.

Координаторката на Групата, Маја Морачанин, се осврна и на улогата на Групата во подобрувањето и надзорот на легиславата и подигнување на јавната свест. 

Click