Активности

Среда, 13 јануари 2021

Осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 8. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота - I читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за генетски модифицирани организми - I читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини - I читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за планински патеки - I читање;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина - I читање;
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, по скратена постапка;
  8. Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа заменик-министрите за транспорт и врски; за животна средина и просторно планирање и за информатичко општество и администрација; Беким Реџепи, Христина Оџаклиеска и Александар Бајдевски. Тие ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со истите.

За првите шест точки Комисијата го усвои истиот Заклучок: Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлог-законот и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на последните две точки, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законите и Комисијата ги проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click