Активности

Среда, 3 февруари 2021

Петта седница на Комисијата за култура

На денешната 5. седница на Комисијата за култура беа разгледани четири Предлог-закони по скратена постапка:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра; 
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за издавачката дејност..

Заменик-министерот за култура, Седат Сулејмани, образложи дека измените на четирите Предлог-закони се во насока на усогласување со Законот за прекршоците.

Во дискусијата по предложените закони учествуваа пратениците Велика Стојкова-Серафимовска, Жаклина Лазаревска, Иванка Василевска, Снежана Калеска-Ванчева, Ане Лашкоска, Бајрам Кадрија и Арбана Пашоли.

Kомисијата ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието.

Click