Активности

Вторник, 3 ноември 2020 година

Пратениците Талевски и Николовски на средба со британската амбасадорка Галовеј

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски заедно со заменик-претседателот Илија Николовски, денеска во Собранието остварија одлична и конструктивна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија, Рејчел Галовеј.

На средбата пратениците ја информираа и запозна амбасадорката Галовеј со работењето, идните планови и цели на дејствување на Комисијата. Исто така стана збор и за продлабочување на меѓупарламентарната соработка на пратениците од двете држави.  

Соговорниците разменија информација како рамноправни партнери, односно земји членки на НАТО, за подршката на Aрмијата на Велика Британија во делот на пренесување на искуство и знаење од Британија на Aрмијата на Република Северна Македонија.

Click