Активности

Понеделник, 21 јуни 2021 година, Анталија

Пратениците Трајанов и Исмаили на седница на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ

Во рамките на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2021 година во Анталија, Турција се одржа седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Седницата беше одржана во хибриден формат односно со физичко присуство и онлајн. 

На седницата учестуваа делегации на Грција, Србија, Турција, Словенија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Бугарија. Во работата на комитетот учествуваа пратениците Павле Трајанов и Хусни Исмаили. Во рамките на амандманската расправа по Предлог завршната декларација пратеникот Павле Трајанов истакна дека треба да продолжат напорите  за формирање на Постојаниот секретаријат на ПС на ПСЈИЕ, затоа што професионализмот ќе ја унапреди работа на оваа регионална парламентарна организација и ќе придонесе за подобрување на меѓусебната парламентарна соработка.     

 

На крајот на седницата на Постојаниот комитет сите пратеници ја потврдија Завршната декларација која треба да се усвои на Осмата пленарна сесија што ќе се одржи на 22 јуни.   

Click