Активности

Вторник, 29 декември 2020 

Предновогодишна средба на претседателот Џафери со претставниците на медиумите 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше редовна, традиционална предновогодишна средба со претставниците на медиумите во земјава, на која информираше за актуелните и идните активности на законодавниот дом. Воедно, тој им упати и искрени честитки за претстојните празници и им посака добро здравје, колективен успех и семејна среќа и благосостојба, како и плодна заемна соработка во Новата 2021 година.

Click