Активности

Понеделник, 8 март 2021

Претседателот Џафери го честита Меѓународниот ден на жената

Почитувани жени,

Ви го честитам Меѓународниот ден на жената. Оваа година овој Ден го одбележуваме во вонредни услови, не се приреди коктел за службеничките и пратеничките, секоја службеничка денеска доби мал знак на внимание од Собранието, затоа што секоја службеничка и пратеничка е неоткинлив дел од нашиот колектив.  

Почитта кон успехот на жената на секое поле не смее да изостане ниту еден ден во годината, зашто успехот на жената нѐ инспирира сите нас. Визијата на групата жени кои кренаа глас за еднаквост и денес нè обврзува заедно да работиме за права и еднаквост на жените дома и во светот.

Среќен 8-ми Март!

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.