Активности

Понеделник, 25 октомври 2021

Претседателот Џафери официјално го прими Извештајот за напредокот од Европската комисија

Денеска, амбасадорот на Европската Унија официјално го предаде Извештајот за напредокот на државата од Европската комисија на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Средбата се одржа денеска заради службено отсуство на претседателот Џафери, којшто учествуваше на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Атина.

Извештајот беше оценет како позитивен, објективен и реален во однос на Собранието како централна институција во која се одвива дебатата на сите политички партии. Соговорниците се осврнаа и на процесот на Дијалогот Жан Моне и на целите кои што се постигнаа, како и на очекувањата од следниот циклус на Дијалогот, нагласувајќи ја важноста од активно вклучување и интерес за процесот на сите политички партии во Собранието.

Претседателот Џафери се осврна и на текот на локалните избори, на процесот за верификација на мандатите на новите пратеници по изборот на пратениците од тековниот собраниски состав за градоначалници, како и на агендата на Собранието по завршувањето на вториот круг на локалните избори, вклучително и планираната динамика за усвојување на Буџетот на државата.

На крај, заеднички констатираа дека комуникацијата меѓу Канцеларијата на ЕУ и Собранието е секогаш отворена, директна и постојана, што е во прилог на напредокот на државата на евроинтеграцискиот пат. 

Click