Активности

Петок, 10 септември 2021

Процес на Дијалогот Жан Моне со Собрание: Подготовки за следниот круг

Подготвувањето на основите за следната рунда од процесот на Дијалогот Жан Моне беше со серија состаноци одржани денес во Собранието на Република Северна Македонија. 

 

 

Средбите се одржаа еден ден по пожарот во градот Тетово, каде што многу пациенти загинаа во пожарот што ја зафати модуларната болница за КОВИД-19. Средбата започна со едноминутно молчење во спомен на жртвите од овој трагичен настан.

  

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери и олеснувачите на Дијалогот Жан Моне од Европскиот парламент, Андреас Шидер (С&Д), Марион Валсман (ЕНП) и Илхан Ќјuчук (ОБНОВА), направија ретроспектива на досегашните достигнувања и разговараа за следните чекори во тековниот процес. 

 

Со оглед на ограничувањата наметнати заради пандемијата, тие топло ја поздравија можноста да се сретнат лично, подвлекувајќи дека опипливите резултати од досегашниот Дијалог Жан Моне не можат да се постигнат само со виртуелен формат на состаноци.

 

Разговорите, водени во различни формати, со потпретседателот на Собранието и координаторите на политичките партии, исто така фрлија светлина врз спроведувањето на обврските преземени за време на 3-тиот круг на Дијалогот Жан Моне на почетокот на 2020 година и перспективите за следниот круг на дијалогот. 

 

Претседателот Џафери и олеснувачите од Европскиот парламент со задоволство ја констатираа континуираната и силна посветеност на процесот.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.