Активности

Понеделник, 10 мај 2021 година

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР

Денеска, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање согласно заклучокот усвоен на втората седница на Комисијата за надзор врз работата на АНБ и АР, одржана на 27.04.2021 година. Посетата е прва по формирањето на новиот парламентарен состав, по изборите одржани во јули 2020 година. 

Целта на посетата беше пратениците да се запознаат со придобивките од новиот закон за АР, изгласан на 25 јануари 2021 година, местото и улогата на АР во безбедносно–разузнавачката заедница, како и новата организациска структура.

Дополнително, пратениците поставуваа прашања за работењето на Агенцијата, согласно надлежностите на Комисијата утврдени со закон а се разгледаа и можностите претставници на АР да одржуваат безбедносни брифинзи за пратениците од Собранието.

Пратениците пројавија интерес во врска со пречките за евроинтеграциските процеси, соработката со другите странски разузнавачки служби, особено околу размената на сензитивни информации поврзани со пандемијата, можните сајбер-напади, како и користењето на социјалните мрежи за пропагандно-разузнавачки активности. 

Договорено беше следната парламентарна контрoла да се изврши наесен оваа година.  

Click