Активности

Понеделник, 1 март 2021

Прва работна средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“

Денеска, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа Првата работна средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“. Ова е прва средба во рамки на Дијалогот „Жан Моне“ на овој парламентарен состав, после одложувањето настанато поради кризата со пандемијата на Ковид-19 започнува со работа без физичко присуство на претставниците на Европскиот парламент.

Во составот на работната група се пратениците: Талат Џафери, претседател на Собранието; Горан Мисовски, потпретседател на Собранието; Фадил Зендели, потпретседател на Собранието; Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ; Никола Мицевски координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ; Арбер Адеми, заменик-координатор на Пратеничка група на ДУИ; Скендер Реџепи, координатор на Пратеничка група на Алијанса на Албанците и Алтернатива; Диме Велковски, заменик-коодинатор на Пратеничка група на СДСМ; Александар Николоски, Снежана Калеска - Ванчева, Панчо Минов, Арта Билали Зендели, Арбен Зибери, Гордана Сиљановска-Давкова и Димитар Апасиев.

Оваа прва средба беше наменета за утврдување на Методологијата на работа во претстојниот период. Претседателот Џафери даде воведно излагање за досегашниот напредок и постигнатото од предходно одржаните „Жан Моне“ дијалози, како и насоки кои би помогнале во ефикасноста на работата.

Исто така, претседателот Џафери истакна дека остварил средба со известиталот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Кјучук, на која било разговарано за „Жан Моне“ дијалогот и било потенцирано дека поради пандемијата на Ковид-19 физички нема да може да присуствуваат европратениците како што беше досегашна пракса, но истите можат да земат учество преку видео повик.

Свои мислења и предлози на работната средба дадоа пратениците Гордана Сиљановска-Давкова, Панчо Минов, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Сурија Рашиди.

На крајот од средбата беа утврдени методологијата за работа и почетната динамика како и се дојде до усогласен став дека присутни продолжуваат со конструктивна работа. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.