Активности

Вторник, 14 септември 2021

Работилница за финализација на етичкиот кодекс и упатството за негова примена 

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР и Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), организираа Работилница за финализација на етичкиот кодекс и упатството за примена на етичкиот кодекс, која се одржа од 10 до 12 септември во хотел Радика, Леуново.  

На работилницата, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, учество  зедоа пратеници, претставници на службата на Собранието, како и експерти од областа на етиката.

Учесниците разговараа за очекуваните норми и однесување, спречување на корупција и судир на интереси, отчетност, транспарентност и одговорно користење на јавните средства и ресурси. Пратениците, исто така, разгледуваа можни сценарија и најдобри механизми за обезбедување примена на етичкиот кодекс.

Click