Активности

Четврток, 1 јули 2021

Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со националниот координатор Алаѓозовски

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли и членовите на Работната група за прашања поврзани со културата, реализираа работна средба со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.

Со цел промовирање на концептот лидерство и во духот на поттикнување на заемната доверба и соработка, средбата ја водеше координаторката на Работната група за прашања поврзани со културата, Велика С. Серафимовска, а на средбата учествуваа членовите Љатифе Шиковска, Кастриот Реџепи, Љубчо Балкоски, Зеќир Рамчиловиќ и Мерита К. Коџаџику.

Членовите имаа можност да дискутираат во однос на Извештајот на реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот „Едно општество за сите и Интеркултурализам“, како и да даваат нивни предлози во однос на прашања од интерес за заедниците кои ги претставуваат.  

Click