Активности

Среда, 28 април 2021 година

РЕДОВЕН МЕСЕЧЕН БРИФИНГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ 

На денешниот „Брифинг со новинари“ беше разговарано за имунизацијата за заштита од вирусот КОВИД – 19 преку вакцинирање на пратениците, а новинарите беа информирани дека 88 пратеници и околу 200 претставници на службата од Собранието ја примија првата доза од вакцината Спутник В. Со овој чекор Собранието се движи во насока на нормализирање на работата и поголема негова ефикасност. Дополнително ќе бидат вакцинирани и останатиот мал дел од пратеници и служба во понатамошни консултации со медицински лица. 

 

Сакаме да потенцираме дека беа презентирани податоци од анализи во врска со присуството на пратениците на пленарните седници, односно бројките на листите за присуство кои не соодветствуваат со присутните пратеници во салата за седници во насока на добивање на целосна слика за работата на Собранието и неговата ефикасност од изминатиот период. 

Беа презентирани и податоци од анализа на блокирани закони како и анализа на закони кои не се разгледуваат во второ читање на матичните работни тела и покрај надминатите рокови, како и причините за нивната блокада. Со тоа овие закони веќе подолго време не можат да бидат донесени, а Собранието не може целосно да си ја извршува својата основна функција. 

 

Со почитуваните новинари се разговараше и за останатите актуелни теми од собранискиот и политичкиот живот кои моментално не засегаат. Претседателот Џафери останува отворен во својата комуникација со медиумите, за граѓаните да ја добијат вистинската и јасна слика за работата на Собранието.


Click