Активности

Петок, 30 јули 2021

Средба на Билал Касами со европратеникот Кристијан Сагарц

Пратеникот Билал Касами во функција на копретстедавач на Мешавитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија оствари средба со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Република Северна Македонија од Евроропските народни партии во Европскиот парламент.

Нагласувајќи дека е секогаш корисна размената на мислења со пратеници од Европскиот парламент, Касами даде остврт на актуелните случувања во однос на европската интеграција на земјата. Тој информираше дека за Република Северна Македонија не постои алтернатива на членството во ЕУ и поради тоа процесот на проширување останува од централно значење.

Реформскиот процес продолжува, бидејќи тој е од приоритетно значење за граѓаните на државата, но јасната временска рамка и почетокот на преговорите секако дека ќе ги забрза неопходните реформи, подвлече Касами.

Во однос на спорот со Бугарија, Касами нагласи дека доколку билатералните проблеми ја замаглуваат европската перспектива на земјата, тогаш тоа станува и проблем на Унијата. Тој изрази надеж дека во Унијата ќе се направи дистинкција за тоа што е билатерален проблем, а што е важно за Европската Унија и дека ќе превладее позицијата дека Република Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро.

Европратеникот Сагарц изрази задоволство што земјата не гледа алтернатива на членството во Европската Унија и истакна дека од гледна точка на Австрија, ставот е јасен, а тоа е дека сите шест земји од Западен Балкан имаат перспектива во ЕУ. Во однос на Република Северна Македонија нагласи дека ЕУ треба да ги исполни своите обврски за да го задржи својот кредибилитет. Преговорите се процес кој трае, но она што е потребно сега е почетна точка, истакна Сагарц. Во врска со односите со Бугарија истакна дека е важно што двете земји имаат заедничка иднина во Европската Унија.  

 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.