Активности

Понеделник, 6 септември 2021

Средба на Комисијата за надворешна политика со делегација од ливанскиот Парламент

Членовите на Комисијата за надворешна политика остварија работна средба со Групата за Интер-парламентарна соработка со земјите на Западен Балкан на Парламентот на Република Литванија, а во придружба на Н.Е Јурате Јагуцкиене, амбасадор на Република Литванија за Република Северна Македонија.

Со средбата претседаваше членот на Комисијата за надворешна политика, Ане Лашкоска, а присуствуваа и пратениците Соња Мираковска, Иванка Василевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Арта Билали-Зендели и Сафије Садики-Шаини.

Во фокусот на оваа средба беа односите помеѓу двете држави, како и можностите за нивно продлабочување во повеќе области. 

Беше потенцирана поддршката што Република Литванија и ја дава на нашата држава во однос на европската интеграција, а се разговараше и за можностите за надминување на пречките на патот кон Европската унија. Во тој контекст, од  страна на литванската делегација, беше истакнато дека Република  Северна Македонија е лидер во Регионот во однос на реализирани реформски процеси, но и дека постојат области во кои треба да се вложат повеќе напори за да се  надминат одредени слабости.

Соговорниците се согласија дека со одолговлекување на почетокот на пристапните преговори расте скептицизмот на населението во нашата држава и дека проширувањето на Европската унија треба да продолжи со земјите на Западен Балкан. 

Click