Активности

Среда, 7 април 2021 година 

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со Здруженијата на граѓани на заедниците - Мрежа за мултикултурно општество

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Арбана Пашоли и пратеничката Љатифе Шиковска, денеска, остварија средба со претставници од Здруженијата на граѓани на заедниците - Мрежа за мултикултурно општество. 

Членовите на Комитетот и претставниците на Канцеларијата на Европска унија во Република Северна Македонија, на ОБСЕ, НДИ и ИРИ имаа можност средбата да ја следат преку Zoom платформата.

На средбата присуствуваа г. Мирољуб Орландиќ, претседател на Мрежата за мултикултурно општество од Црногорска заедница, г.Рубин Земон од Сојуз на Балканските Египќани, г.Жарко Камчев од  Хрватска заедница и г.Андреј Тимофејев од Руска заедница и од нивна страна беа презентирани нивните потреби, идеи и  размислувања  во насока на подобрување на застапеноста на припадниците на помалите заедници во Република Северна Македонија.

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Арбана Пашоли и членовите истакнаа дека се отворени за понатамошна соработка и заеднички активности со ММО.

Click