Активности

Среда, 7 април 2021 година

Средба на координаторите на пратеничките групи со Росана Дуџак

Координаторите на пратеничките групи: Јован Митрески (СДСМ), Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ), Арбер Адеми (ДУИ) и заменик-координаторот Сурија Рашиди (Алијанса за Албанците и Алтернатива), денеска, остварија средба со Росана Дуџак, постојана претставничка на Обединети Нации(ОН). 

Постојана претставничка на ОН, Дуџак, во своето излагање се осврна на Агендата 2030 на ОН за одржлив развој, како и на Стратегијата за соработка во рамките на оваа агенда со институции на Република Северна Македонија за периодот 2021 - 2025 година, чија главна цел е поголема вклученост во работата со Собранието и продлабочување на меѓусебната соработката.

Во фокус на средбата беа начините и идеите околу тоа како да се продлабочи соработката меѓу органите и телата на ОН и Собранието, кој би бил најефикасниот начин, вклученоста на пратенициите и службата, како и временската рамка за реализација на истата.

Координаторите едногласно изразија интерес за вклученоста на пратеничките групи во работата со ОН, оценувајќи ја како доста важна активност, која треба да се случи во наредниот период, со цел доближување на нашето законодавството со целите на Агендата 2030 на ОН за одржлив развој.

На крајот од средбата, соговорниците согласно ги утврдија следните чекори, кои им престојат, со цел унапредување на соработката на ОН и Собранието.

Click