Активности

Петок, 10 септември 2021

Средба на Николоски со амбасадорот на Италија Силвестри

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, вчера оствари средба со амбасадорот на Република Италија Н.Е. Андреа Силвестри. На средбата присуствуваше и заменик амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Марио Де Роза.

Амбасадорот Силвестри ја изрази поддршката на Италија за европската перспектива на државата, и укажа дека Италија е доверлив партнер кој секогаш ќе биде отворен за соработка во надминувањето на предизвиците со кои се соочува државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

Претседателот на Советот Николоски се заблагодари за безрезервната поддршка на Италија во процесот на европска интеграција и изрази надеж дека соработката со пријателска Италија ќе продолжи  со уште поголема динамика. 

Николоски и Силвестри во пријателска атмосфера разговараа за актуелните политички состојби во државата, тековниот попис во државата,  претстојните локални избори, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација.

Click