Активности

Вторник, 7 септември 2021

Средба на пратеничката група за соработка со парламентите на балтичките земји со Делегација од Литванскиот парламент

Пратеничката група за соработка со парламентите на балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија на Собранието на 6 септември 2021 година беше домаќин на средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за соработка со земјите од Западен Балкан на Литванскиот парламент, предводена од пратеникот Аудрониус Ажубалис,  шеф на Делегацијата и потпретседател на Групата. Во придружба на делегацијата беше Н.Е Јурате Јагуцкиене, амбасадор на Република Литванија за Република Северна Македонија.

На средбата учествуваа Моника Зајков, претседателка на групата, Дајанчо Ефтимов, Велика Стојкова Серафимовска и Аднан Незири, членови на Групата, како и Аудрониус Ажубалис, потпретседател на Групата, Валдас Ракутис, потпретседател на Групата и Кештутис Вилкаускас, член на Групата на Литванскиот парламентот.

Претседателката на Групата, Моника Зајков, изрази задоволство од целосната поддршка на Литванија на процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија. Понатаму таа истакна дека и покрај оддалеченоста на нашите две земји, ограничените можности и непостоењето на традиционални економски врски, мора да  се посветува повеќе внимание на развој на економската соработка меѓу две земји затоа што економијата е основа на сé друго во државите. Исто така потребно е да се искористат сите можности за искористување на европските фондови, преку twinning и taiex програми со цел натамошен развој на нашите институции.

Аудрониус Ажубалис истакна дека Литванија гледа на политиката на проширување како на една од најуспешните политики на Унијата. Тој изрази надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе ги надмине пречките со кои се соочува на својот европски пат и ќе ги почне претпристапните преговори со ЕУ.

Click