Активности

Среда, 28 октомври 2020 година

Средба на пратеникот Исмаили со претставници на Здружението на граѓани Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, г. Хусни Исмаили, вчера оствари неформална средба со претставници на Здружението на граѓани Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби, Скопје. 

На средбата присуствуваше претседателката на Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби, г-ѓа Ребека Јанковска Ристески, г-ѓа Весна Дојчинова Андреева и г-ѓа Јована Ѓерасимоска и од нивна страна беа презентирани идеи, барања и размислувања во насока на подобрување на условите за достоинствен и поедноставен живот на лицата со посебни потреби.

Претседателот на Комисијата , Хусни Исмаили истакна дека е отворен за соработка со ова здружение во насока на изнаоѓање на најдобри законски решенија во интерес на оваа категорија на граѓани.