Активности

Петок, 15 јануари 2021 

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

Николоски го запозна амбасадорот со надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, консензуалното одлучување во телото, како и со активностите на Советот во периодот кој следи. Претседателот на Советот изрази оптимизам за плодна соработка во иднина и пренесување на искуствата кои Словенија ги има во процесот на пристапни преговори.

Амбасадорот Предан упати честитка за именувањето на Николоски за претседател на Советот и ја изрази својата поддршка за ова клучно тело во пристапните преговори. Во таа насока, потенцираше дека Словенија е подготвена да ги разгледа сите можности и на експертско ниво да ја помогне работата на НСЕИ, споделувајќи ги сопствените искуства во евроинтеграциите. Апелираше на континуирано спроведување на реформите во државата како клучен услов за побрза интеграција во ЕУ. Амбасадорот Предан информираше дека проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет на Словенечкото претседателството со ЕУ, кое Словенија го презема од 1 јули 2021 г.

Претседателот Николоски и амбасадорот Предан разговараа и за актуелните состојби во државата, ЕУ перспективите на земјите од Западен Балкан, односите со соседите, справувањето со последиците од пандемијата предизвикана со КОВИД-19 и др.