Активности

Понеделник,13 септември 2021

Средба на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ со претставници од Фондацијата “Алија Изетбеговиќ“ од БиХ      

На денешната средба со претставниците на Фондацијата “Алија Изетбеговиќ“ од БиХ, претседателот на парламентарната група за соработка со парламентот на Босна и Херцеговина, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ  посакувајќи им пријатен престој на своите гости, изрази надеж дека соработката со овааФондација во иднина ќе биде честа и успешна и постојано ќе се унапредува. 

Исто така пратеникот Рамчиловиќ ги потенцираше досегашните блиски и пријателски односи меѓу двете земји како и блиските и пријателски односи меѓу двата народи, го потенцираше задоволителното ниво на правата на Бошњаците, се наврати и на тековниот попис на населението што се одвива во нашата земја како и застапеност и рамноправното учество на Бошњачката заедница во овој попис и го изрази своето уверување дека и парламентарната соработка и комуникација во наредниот период уште повеќе ќе се зајакнува, па во таа насока упати еден апел до своите гости да ги пренесат неговите заложби како претседател на парламентарната група за соработка до неговите колеги парламентарци во БиХ. 

На крајот тој им посака успешен престој на претставниците на оваа Фондација во нашата земја со желба да имаат успешни средби и контакти во насока на реализирање на нивните цели и идеи. 

Гостите од БиХ се заблагодарија на топлиот и пријателски прием во Република Северна Македонија и истакнаа дека оваа Фондација “Алија Изетбеговиќ“ е основана во 2019 година и нејзината цел е да го шири и промовира делото на првиот претседател на БиХ г-дин Алија Изетбеговиќ, дело   кое е базирано пред се на: слободата, вистината и правдата.

Претставникот на фондацијата г-дин Фарис Наниќ истакна дека тие се добро запознати со состојбата околу правата на Бошњаците во нашата земја и недвосмислено го искажа своето задоволство од степенот на почитување на правата на Бошњачката заедница кој е на едно завидно ниво на зрелост и со европски и препознатлив начин на размислување, нагласи г-дин Наниќ.

Исто така тој ги потенцираше досегашните пријателски односи на двата народа, посебно ги потенцираше блиските и пријателски односи меѓу поранешните претседатели Изетбеговиќ и Глигоров особено за време на распадот на СФРЈ и нагласи дека правата секогаш може да се унапредуваат и како држави треба да работиме заеднички на тоа а тие како Фондација ќе вложат максимални напори  во иднина околу подобрувањето на условите за образование на мајчин Босански јазик. 

На крајот изразувајќи сочуство за големата трагедија што се случи во Тетово, гостите од БиХ изразија уверување дека комуникацијата и соработката ќе продолжи и во иднина.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.