Активности

Четврток, 29 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хиронори Савада                                           

На денешната средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, му посака успешен мандат на амбасадорот во нашата земја и изрази задоволство од досегашната соработка со претходниот а воедно и прв резидентен амбасадор на Кралството Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда.

Во продолжение, ги потенцираше досегашните одлични пријателски односи меѓу двете земји, кои се развиваат во нагорна линија. Претседателот Џафери ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на економската соработка и зголемувањето на јапонските инвестиции и изрази верба дека ќе работат заедно со амбасадорот и другите државни институции на овој план и додаде, „...постојано нагласувам дека нашата географска оддалеченост не треба да биде пречка за поблиска соработка на политички и економски план.“

Амбасадорот на Кралството Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада се заблагодари за средбата со Претседателот на Собранието и му честиташе за досегашната работа и водење на Собранието како демократска институција каде што се вкрстени различни политички релации и интереси. Амбасадорот Савада истакна дека, неговата мисија е да работи на зајакнување и интензивирање на меѓусебните односи на двете земји, особено ќе ги насочи своите активности кон зајакнувањето на економската соработка. Во тој контекст, тој ги истакна досегашните економски проекти и инвестиции во нашата земја во областа на техничката соработка, финансиските грант инвестиции во културата, во здравството и други. Ја потврди силната поддршка што Јапонија и ја дава на Република Северна Македонија на патот кон интеграцијата во ЕУ, јакнењето на демократските институции и владеењето на правото. 

На крај, двајцата соговорници се согласија дека меѓусебната комуникација и соработка меѓу Амбасадата на Кралството Јапонија и Собранието на Република Северна Македонија треба да продолжи да се интензивира и во иднина.   

Click