Активности

Среда, 2 декември 2020

Учество на пратеникот Адеми на виртуелна средба на тема: „Западен Балкан: 25 години по Договорот од Дејтон“

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денеска учествуваше на виртуелна Интерпарламентарна комисиска средба на тема: „Западен Балкан: 25 години по Договорот од Дејтон“, која се оддржа во Брисел, во организација на Комисијата за надворешни работи-АФЕТ, во Европскиот парламент.

Во расправата по темата учествуваше и претседателот на Комисијата, Адеми, кој истакна дека Северна Македонија направи историски чекори во насока на подобрување на добрососедските релации со Грција и Бугарија, преку потпишување на договорите за соработка, за што беше и наградена со членство во НАТО. Исто така, Адеми посочи дека земјата посветено работи на исполнување на потребните ЕУ реформи, со цел  во декември во Берлин да ни се одобри преговарачката рамка за членство во ЕУ и да се одржи Меѓувладината конференција во што поскоро време.

Во тој контекст, тој побара разбирање за потребата земјата да ги започне преговорите по поглавјата, како и поддршка од колегите пратеници во националните парламенти на земјите ЕУ членки, со цел земјата да го продолжи патот кон ЕУ.

Со Конференцијата претседаваше претседателот на АФЕТ, Давид Мекалистер, а воведни обраќања имаа високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и заменик-претседател на ЕК,  Жозев Борел, како и еврокомесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеи, кои  ја потврдија  поддршката на ЕУ за понатамошно проширување со земјите од Западен Балкан. Во богатата дискусија беа изнесени констатации за актуелните состојби во регионот, како и предлози за надминување на одредени состојби кои го обременуваат Регионот, со акцент на состојбите во БиХ и на релациите Србија – Косово.

Click