Активности

Петок, 20 август 2021

Учество на светкиот настан за ЛГБТИ правата

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛБТИ заедницата на Собранието, предводена од координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Тимчо Муцунски и членовите Снежана Калеска-Ванчева, Љупчо Пренџов и Моника Зајкова, учествуваше на Светскиот настан за правата на ЛГБТИ луѓето што се одржува во Копенхаген, Данска.

На настанот беа присутни преку 150 пратеници од 53 држави во светот.

На Форумот за човекови права свое обраќање како панелист имаше координаторката на Групата, пратеничката Маја Морачанин, која зборуваше за улогата на Интерпартиската група во унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и нејзините активности.

,,Успешните резултати на Групата се должат на натпартиската соработка, како и искрената континуирана соработка со граѓанските организации”, истакна Морачанин.

На конференцијата изјава за состојбата на правата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија и Регионот даде и пратеничката Моника Зајкова.

,,РСМ  бележи прогрес во делот на унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, но  имаме уште многу работа во оваа област” - истакна Зајкова.

Пратениците воспоставија соработка и со пратеници од Европскиот парламент и парламентите на земјите членки на ЕУ. Воедно беше договорена и посета на нашата земја од страна на Европски пратеници со цел размена на искуства во делот на унапредувањето и гаранциите на човековите права.

Click