Активности

Среда, 1 септември 2021

Учество на генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова на Регионалниот форум на генерални секретари од Западен Балкан

Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, учествува на Регионалниот форум на генерални секретари од Западен Балкан, Атина, Грција, 31 август - 2 септември 2021 година.

Овој регионален форум е дел од Иницијативата за зајакнување на законодавството на Западен Балкан на НДИ, финансиран од  Националната фондација за демократија, која што им помага на парламентите во регионот на Западен Балкан да ги зајакнат нивните капацитети во носењето закони, вршење надзор и застапување. 

Подобрената соработка и компаративното учење во регионот им обезбедуваат на парламентите еден важен ресурс при справување со слични организациски и законодавни предизвици во јакнењето на нивната законодавна, надзорна и претставничка улога. 

Во Форумот учествуваат генералните секретари од парламентите на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, како и заменици генерални секретари од парламентите на Црна Гора и Србија. Главна тема на форумот се парламентарните иновации, остварувањата, предизвиците и идните очекувања во работењето на парламентите во услови на кризата настаната со пандемијата КОВИД-19, со фокус на парламентарната администрација, внатрешната комуникација, парламентарната транспарентност, клучните предизвици за подобрување.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.