Среда, 16 септември 2020
Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Наталија Задорожњук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук.
Претседателот Џафери изрази задоволство дека, односите меѓу Република Северна Македонија и Украина се карактеризираат со пријателство, доверба, отсуство на отворени прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес.