Вторник, 19 октомври 2021
Усвоен Извештајот за напредокот на нашата земја кон ЕУ
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за проширување за 2021 година, составен од Комуникација за политиката на проширување на ЕУ и годишни извештаи, со детална проценка на состојбата и напредокот на Западен Балкан и Турција на патот кон Европската Унија, со посебен фокус на спроведувањето на основните реформи и претстојните реформски приоритети.