Соопштенија

Вторник, 15 декември 2020

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема:  Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието. Поради состојбата со КОВИД-19, поканет е по еден претставник на Министeрството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје и на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, Интер – ресорска консултативна и советодавна група  за еднакви можности на жените и мажите, ЗЕЛС, Агенцијата за аудудио и аудиовизулени медиумски услуги, Агенцијата за заштита на личните податоци, Академијата за судови и јавни обвинители, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република С. Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

ПРОГРАМА:

11:00 - 11:15 - Поздравни обраќања

  • Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Министерката за труд и социјална политика 
  • Министерот за внатрешни работи 

11:15 – 12:15 - Излагања 

  • Претставник на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје
  • Претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје
  • Претставник на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!
  • Претстaвник на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство
  • Претставник на Центарот за истражување и креирање политики

12:15 – 13:30 -  Дискусија и заклучоци 

Click