Соопштенија

Четврток, 14 јануари 2021

Онлајн презентација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2021 година  (петок), во 11:00 часот, ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

Оваа активност е дел од Планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020 - 2021, а наодите и препораките ќе му послужат на законодавниот дом за надградување на овие два документа со родово-сензитивни одредби.Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата и Клубот на пратенички, на презентацијата поканети се генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова;  претседателите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетнни прашања и Комитетот за односи меѓу заедниците, Панчо Минов и Арбана Пашоли; како и собраниска служба.  

АГЕНДА:

11:00 - 11:20 часот - Поздравни обраќања и воведни забелешки

  • Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите 
  • Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички 
  • Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република С. Македонија 

11:20 - 11:30 часот - Општи забелешки на коментарите за Деловникот 

  • Надика Рајаратнам, правен офицер, ОДИХР 

11:30 - 12:10 часот - Презентација на клучните наоди и предлог-препораки од деловите 4 и 5 содржани во коментарите за Деловникот 

  • Алис Томас - родовата еднаквост и различностите во Собранието
  • Недим Хоџиќ - родот и различностите во работата на Собранието и собраниските тела 

12:10 - 12:40 часот - Дискусија 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.