Соопштенија

Петок, 9 октомври 2020

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, на 11 октомври 2020 година (недела), собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа:

  • Пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменкоска-Трајкоска, во 12:15 часот, во Скопје, ќе положат венец свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје - Платото пред Владата;
  • Пратениците Миле Талески и Ане Лашкоска, во Прилеп, ќе положат венци свежо цвеќе на:           
    - 08:30 часот - Споменикот на Методија Андонов-Ченто,           
    - 08:40 часот - Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу,
    - 09:00 часот - Алејата на народните херои,
    - 09:10 часот - Споменикот „Жена борец“,
    - 09:20 часот - Могилата на непобедените;
  • Пратениците Мартин Костовски и Бране Петрушевски, во 11:00 часот, ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.
Click