Понеделник, 16 август 2021
ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ
По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Илија Николовски и Бети Стаменкоска-Трајкоска, на 18 август 2021 година (среда), во 14:00 часот, на градските гробишта Бутел, ќе положат четири венци свежо цвеќе и тоа на:
- Партизанските гробишта;
- Пред вечниот дом на претседателот Борис Трајковски;
- Пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски;
- Пред вечниот дом на претседателот Киро Глигоров