Соопштенија

Четврток, 12 ноември 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација во состав: Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимова, на 13 ноември 2020 година (петок), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:

  • 11:00 часот -Градски гробишта „ Бутел“, на Партизанските гробишта;
  • 11:30 часот - Алејата на великаните, Градски гробишта „ Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски;
  • 12:30 часот - Пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје.