
Никола Кљусев
Роден е на 2.10.1927 година во Штип. Македонец. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград во 1953 година, магистрирал 1963 и докторирал на истиот факултет во 1964 година. Претседател на Владата на Република Македонија од 1991 до 1992 година. На функција министер за одбрана на Владата на Република Македонија е избран на 30.11.1998 година.