Аcquis communautaire ја подразбира целината на правата и обврските кои произлегуваат од членството во Унијата.
Аcquis communautaire ги опфаќа:
- содржината, принципите и политичките цели на договорите,
- законодавството кое е усвоено врз основа на договорите и во судската практика на Европскиот суд на правдата,
- декларациите и резолуциите кои се усвојуваат во рамките на ЕУ,
- акти кои се однесуваат на заедничката надворешна и безбедносна политика,
- акти кои се однесуваат на правдата и внатрешните работи,
- меѓународните договори склучени од ЕЗ и од земјите членки на ЕУ меѓу самите нив во рамките на надлежностите на Унијата.