Вторник, 27 април 2010 година
Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 26 до 30 април во Стразбур се одржува пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која, меѓу другото, ќе се расправа за последиците од економската криза и климатските промени, за Европската конвенција за човекови права и за дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и половата еднаквост
Прочитај повеќе
Вторник, 27 април 2010 година
Постигната согласност за европската дипломатска служба

„Владите на 27-те земји-членки на Европската унија вчера попладне во Луксембург начелно се спогодија околу работата на идната европска дипломатска служба“ - соопшти шпанскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ЕУ, г. Мигуел Анхел Моратинос
Прочитај повеќе
Вторник, 20 април 2010 година
Пленарна сесија на Европскиот парламент

Пленарната седница на Европскиот парламент денеска започна со модифицирана дневна агенда поради неодамна настанатите проблеми со авиосообраќајот. Повеќето од дебатите ќе се одржат како што беше планирано, но гласањето е одложено за следната пленарна сесија на 5 и 6 мај
Прочитај повеќе
Понеделник, 12 април 2010 годинаДен на жалост во Европа
Европската унија го прогласи денешниот ден, 12 април, за Ден на жалост поради авионската несреќа во која загина полскиот претседател, г. Лех Качински, неговата сопруга, г-ѓа Марија Качински и уште 95 лица од висока државна делегација.
„Ова е една незамислива катастрофа за Европа. Европа се соочува со голема загуба. Полска живее низ една неопислива трагедија. Со голема жалост ја примив поразувачката вест за смртта на мојот пријател и голем полски политичар - претседателот на Полска, Лех Качински“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек.
Шпанија, како земја претседавач со Унијата, соопшти дека денеска знамињата ќе бидат спуштени на половина копје и сите состаноци ќе почнат со едноминутно молчење.
Во Полска продолжува седумдневна жалост поради несреќата која се случи во саботата наутро во близина на Смоленск во Западна Русија.
Рускиот претседател, г. Дмитриј Медведев, формираше специјална комисија за истрага на околностите околу авионската несреќа, која ќе ја предводи премиерот на Русија, г. Владимир Путин.
До вонредните претседателски избори Полска ќе ја води претседателот на Долниот дом на парламентот, г. Бронислав Коморовски.
Прочитај повеќе