ЕУ вести


Вторник, 29 јуни 2010 година

Десет филмови номинирани за наградата „Лукс“ на Европарламентот

Европскиот парламент ги објави десетте филмови коишто ќе се натпреваруваат за овогодишната филмска награда „Лукс“, во рамките на Фестивалот на европскиот филм во Брисел. Специјално 17-члено жири, составено од продуценти, дистрибутери, директори на фестивали и критичари ги номинираше следните филмови

повеќе...



Понеделник, 15 февруари 2010 година

112 – телефонски број за итни случаи во странство

Телефонскиот број 112 е бесплатен пан-европски број за итни случаи, кој може да биде биран од било кое место во рамките на 27-те земји-членки на Европската унија. Тој е официјален европски број од февруари 2009 година

повеќе...



Петок, 17 декември 2010  година

Датумот за членство на Македонија во ЕУ ќе се дискутира за време на унгарското претседателство

Пристапните преговори за  добивање на датум за членство на Македонија во Европската унија ќе се дискутираат за време на унгарското претседателство со Унијата, кое почнува од 1 јануари 2011 година, беше заклучено на вториот ден од Самитот на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, за време на кој Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во ЕУ.

Со ова, шефовите на држави и влади на ЕУ само го прифатија заклучокот на Министерскиот совет од 14 декември.

„Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати“, стои во заклучокот.

Од Македонија се бара да продолжи со реформите во судството, јавната администрација, спроведувањето на Охридскиот договор, со борбата против корупцијата, да направи напредок во однос на политичкиот дијалог, слободата на изразување и бизнис климата.

повеќе...



Понеделник, 13 декември 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 13 до 16 декември Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се дискутира за актуелната ситуација со „Викиликс“, ќе се гласа за буџетот на Европската унија за 2011 година и ќе се расправа за годишниот извештај на Парламентот за состојбата на човековите права во светот.

повеќе...



Четврток, 16 декември 2010 година

Заложби за финансиска стабилност на еврозоната

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, денеска и утре ќе одржат Самит во Брисел, на кој ќе расправаат за плановите за создавање на постојан механизам за зачувување на финансиската стабилност на еврозоната

повеќе...



Среда, 15 декември 2010 година

Усвоен буџетот на Еу и одобрена „Граѓанската иницијатива“

На пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува од 13 до 16 декември, беше усвоен буџетот на Европската унија за 2011 година, кој вклучува повеќе средства за приоритетите определени од членовите на Европарламентот, а беше одобрена и „Граѓанската иницијатива“.

повеќе...



Петок, 10 декември 2010 година

Меѓународен ден на човековите права

По повод 10 декември - Денот на човековите права, генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за надворешни работи на Турција и претседател на Комитетот на министрите, г. Ахмет Давутоглу, изјавија дека реформата на Европскиот суд за човекови права е во полн тек, а паралелно напредуваат преговорите за пристапување на Европската унија кон Европската конвенција за човековите права, кои се надеваат дека ќе бидат завршени во првата половина од 2011 година.

„2010-та е година на 60-годишнината од Европската конвенција за човековите права, но и година на консолидирање и ширење на единствен механизам за заштита на основните права и слободи. Консолидираното и искрено паневропско пространство на заеднички стандарди и човекови права, ќе биде историски чекор напред во борбата за поттикнување и заштита на човековите права во цела Европа“, стои во нивната изјава.

Тие истакнаа дека Европа продолжува да се соочува со нови и тешки предизвици, вклучително и оние кои произлегуваат од потребата да се осигура најдобар начин за интеграција, за заеднички живот со различен културен и религиозен карактер, со почитување на основните вредности и човекови права, спречување на ширењето на нетолерантноста и дискриминацијата.

За Советот на Европа, тоа е политичка потреба, морален императив и законска должност.

повеќе...



Сабота, 11 декември 2010 година

Историски компромис за климатските промени

На Самитот за климатските промени во Канкун, Мексико, учесниците од 194 држави постигнаа историски компромис во меѓународните преговори на ова поле. Новиот климатски договор, меѓу другото, предвидува намалување на емисиите на метан и создавање „Зелен фонд“ во земјите во развој

повеќе...



Среда, 1 декември 2010 година

Светски ден против сидата

Денеска, на 1 декември, по дваесет и втори пат се одбележува Светскиот ден на борбата против сидата. Со носење црвена панделка им се дава поддршка на 33 милиони луѓе во светот заболени од сидата, од кои 2,5 милиони деца

повеќе...



Вторник, 7 декември 2010 година

Самит ЕУ - Русија

Заедничките предизвици на Брисел и Москва, глобалната економија и климатските промени, билатералните односи, вклучително и програмата Партнерство за модернизација, како и регионалните и меѓународните прашања, се главните теми кои ќе бидат во фокусот на 26. Самит на Европската унија и Русија, кој се одржува во Брисел

повеќе...



Петок, 3 декември 2010 година

Меѓународен ден на лицата со инвалидитет

Трети декември е ден на кој се одбележува Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Еден од секои десет Европејци има тежок или помалку сериозен инвалидитет и токму затоа потребно е општеството како целина да се прилагоди кон нивните потреби, а не обратно.

Иако, политиките за лицата со инвалидитет често се финансиски или материјално ограничени, акцентот треба да биде ставен на нивна потполна интеграција во општеството. 

Во април 2006 година, Советот на Европа го усвои Акциониот план 2006-2015 за лицата со инвалидитет, којшто содржи 15 насоки за делување, вклучувајќи го учеството во политичкиот, јавниот и културниот живот, образованието, информациите и комуникацијата, вработувањето, достапноста на архитектурната средина и транспортот.

Годишното почитување на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп има за цел да промовира разбирање на полето на хендикеп и да се мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со хендикеп, како и поголема свест за интеграција на лицата со попреченост во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

повеќе...



Вторник, 30 ноември 2010 година Самит ЕУ - Африка

Самит ЕУ - Африка

Во Триполи, главниот град на Либија, која претседава со Африканската унија, вчера и денеска се одржува третиот Самит на Европската унија и Африка, насловен како „Инвестиции, економски развој и создавање на работни места“

повеќе...



Среда, 24 ноември 2010 година

Европарламентот ја додели филмската награда „Лукс“

Филмот „Странци“ на австрискиот режисер Фео Аладаг ја доби филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент. Најдобриот филм за 2010 година го изгласаа европратениците, а наградата беше врачена во Стразбур од страна на претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек

Овој филм победи во конкуренција со „Академија Платон“ на режисерот Филипос Цитос (Грција, Германија) и „Незаконски“ од Оливие Масе-Депас (Белгија).

Европскиот парламент на победникот ќе му овозможи превод на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија, производство на 35-мм верзија за секоја држава-членка и помош во издавањето на ДВД.

Наградата „Лукс“ првпат е доделена во 2007 година и претставува симбол на интересот на Европскиот парламент за европската филмска индустрија.

повеќе...



Четврток, 11 ноември 2010 година

Македонија покажа дипломатска успешност во претседавањето со Комитетот на министри на СЕ

Република Македонија покажа голема дипломатска успешност за улогата која ја одигра Советот на Европа во Грузија, за помагањето во деблокирањето на мировниот процес во регионот на Јужна Осетија, како и за начинот на кој успеа да постигне согласнот кај сите 47 земји-членки на СЕ околу усвојувањето на Декларацијата за Ромите од Стразбур, беше оценето на вчерашниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кога нашата земја ѝ ја предаде улогата претседавач на Република Турција

повеќе...



Вторник, 16 ноември 2010 година

Меѓународен ден на толеранцијата

Дискриминацијата сè уште постои во светот, без разлика на тоа дали е во однос на бојата на кожата, полот, етничката, националната или религиската припадност, политичката определба, сексуалната ориентација и слично. Токму затоа, денешниот ден, 16 ноември, e прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата, првпат воспоставен во 1995 година од страна на Обединетите нации

повеќе...

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.