Буџетски совет на Собранието на Република Македонија

Одлуки
Деловник
Седници
Документи

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е основан со Одлука за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, донесена на седницата на Собранието одржана на 26 јуни 2008 година ("Службен весник на РМ" бр. 77/2008 година).

Оваа одлука престана да важи со денот на влегувањето во сила  на Законот за Собранието на Република Македонија( ‘’Службен весник на Р.М’’ бр.104/2009).

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29 јули 2011 година донесе Одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет ("Службен весник на РМ" бр. 103/2011).

Буџетскиот совет на Собранието има претседател, заменик претседател и 9 членови од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.

                 
                 Претседател:
СУЗАНА САЛИУ

Заменик претседател: МАРЈАНЧО НИКОЛОВ

                          Членови: ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
                                            ЃОРЃИ КОЏАБАШИЕВ
                                            РИСТО МАНЧЕВ
                                            ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
                                            ЏЕВАТ АДЕМИ
                                            ОРХАН ИБРАИМИ
                                            МИЛЕ АНДОНОВ
                                            СТОЈКО ПАУНОВСКИ
                                            БЛАГОЈА СТОЈАНОВСКИ

Претседател на Советот е еден од потпретседателите на Собранието, а заменик претседател е претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.

На седниците на Буџетскиот совет, без право на одлучување присуствуваат генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот на финансиски и економски прашања на Службата на Собранието.

Надлежности на Буџетскиот совет:

  • утврдува стратешки приоритети на Собранието за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми
  • дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието
  • предлага на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за финансии максимален износ на средства за Собранието за наредните три фискални години
  • го следи извршувањето на расходите во Буџетот на Собранието на Република Македонија и предлага прераспределба на средствата во рамките на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија
  • донесува деловник за својата работа
  • врши други работи утврдени со закон.

Покрај овие надлежности, Буџетскиот совет утврдува и стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија најмалку за наредните три години.

Click