Среда, 27 јануари 2010 година, Европски парламент
Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија

Со 56 гласа „за“, 5 „воздржани“ и 5 „против“, Европскиот парламент денеска ги изгласа амандманите на Извештајот за Македонија, поднесени од словенечкиот европратеник и известувач, г. Зоран Талер, со кои се бара во март годинава земјата да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.
Прочитај повеќе
Четврток, 21 јануари 2010 година
Никифорос Дијамандурос - европски народен правобранител до 2014 година

Европскиот парламент го реизбра г. Никифорос Дијамандурос од Грција за европски народен правобранител до 2014 година. Реизбраниот народен правобранител, кој е на оваа позиција од 2003 година, ја доби поддршката на 340 европратеници за време на вчерашното тајно гласање во Стразбур. Други двајца кандидати за оваа функција беа г. Пјер Ив Моне од Белгија, кој доби 289 гласа и г. Виторио Ботоли од Италија, за кого гласаа 19 европратеници
Прочитај повеќе
Четврток, 21 јануари 2010 година
ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост

На официјална церемонија во Мадрид, денеска Европската комисија и шпанското претседателство со Европската унија, ќе ја прогласат 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, под мотото „Да ја спречиме сиромаштијата сега!“
Прочитај повеќе
Вторник, 12 јануари 2010 година
Еврокомесарите на сослушување пред европратениците

Новите 26 кандидати за комесари, избрани од страна на претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, од вчера па сè до 19 јануари, ќе бидат сослушани од страна на пратениците во Европскиот парламент.
Прочитај повеќе
Вторник, 5 јануари 2010 година
Шпанија - прва земја претседавач со ЕУ по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор

Од стартот на новата 2010 година, Шведска ѝ го предаде ротационото претседавање со Европската унија на Шпанија. Економското опоравување, улогата на ЕУ во светот и граѓанските права заземаат централно место во програмата на Шпанија, која како приоритет го истакна исполнувањето на Лисабонскиот договор
Прочитај повеќе