Совети

Јавна расправа по РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА Предлог-законот за БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ, во организација на Националниот совет за евроинтеграции

14 јули (вторник) 2009 година, во 11 часот, Собранието на Република Македонија - сала “Борис Трајковски“.

Националниот совет за евроинтеграции на 14 јули 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за бесплатна правна помош.

Образложение за причините за донесување на законот и објаснување на содржината на одредбите од законот даде министерот за правда Михајло Маневски.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да изнесат согледувања за состојбата во Република Македонија во областа на остварување на правото на бесплатната правна помош.

На јавната расправа со свои дискусии и коментари по работната верзија на предлог-законот учествуваа Силвана Бонева потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции, Кенан Хасипи член на Советот, Иџет Мемети Народен правобранител, Маргарита Цаца Николовска поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, пратениците Лилјана Поповска, Благородна Дулиќ, Цветанка Иванова и Васко Шутаров, и претставниците од  Адвокатската комора на Македонија, Македонско здружение на млади правници, Националниот совет на жени на РМ, Организацијата на жените на општина Свети Николе, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество, пред почетокот на јавната расправа, доставија коментари и забелешки на работната верзија на Предлогот на законот за бесплатна правна помош.

Учесниците на јавната расправа ја поздравија иницијативата за донесување на посебен закон за бесплатна правна помош, и изнесоа предлози и забелешки за подобрување на одредбите на работната верзија на Предлог-законот, во насока на поквалитетно и поефикасно остварување на правото на бесплатната правна помош.

поканапредлог на закон заклучоци стенографски белешки

Click