Совети

ЈАВНА РАСПРАВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА И ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

22 јули (среда) 2009 година, во 11 часот, Собранието на Република Македонија - сала “Борис Трајковски“

Националниот совет за евроинтеграции на 22 јули 2009 година организираше Jавна расправа по работната верзија на законот за кривична постапка и предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
Образложение за причините за донесување на законите и објаснување на содржината на одредбите даде министерот за правда Михајло Маневски.

Учесниците на јавната расправа ја поздравија иницијативата на Националниот совет за организирањето на јавната расправа, а во текот на истата се изнесоа предлози и забелешки во насока на подобрување на одредбите на законите.

На јавната расправа со свои дискусии, предлози и коментари по работната верзија на законот за кривична постапка учествуваа Силвана Бонева потпретседател на Националниот совет за евроинтеграции, Џевад Адеми и Флора Кадриу членови на Советот, Иџет Мемети Народен правобранител, пратениците Владо Бучковски и Павле Трајанов, и претседателoт на Апелациониот суд Скопје Јордан Митриновски.

Во дискусијата по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик со свои дискусии и предлози учествуваа Јордан Митриновски претседател на Апелациониот суд Скопје, Флора Кадриу и Александар Николовски членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да изнесат согледувања за состојбите во државата во областа на водењето на кривичната постапка и практичната примена на Кривичниот законик. Имајќи го предвид значењето на реформата на казненото право, со новите решенија во законот за кривична постапка и измените и дополнувањата на Кривичниот законик како и нивната доследна имплементација, казнено правниот систем во Република Македонија треба да стане поефикасен, да се зајакнат капацитетите за борба против криминалот и гарантирање на заштита на правата и слободите на граѓаните.

Одделот за владеење на правото при Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје, пред почетокот на јавната расправа, доставија забелешки на работната верзија на законот за кривична постапка.

  поканазакон за кривична постапкапредлог на законзаклучоцистенографски белешки

Click