Совети

Среда, 24 февруари 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлогот на законот за јавни службеници

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше Јавна расправа по Предлог на законот за јавни службеници. За потребата за донесување на законот и објаснување на целите, начелата и основните решенија на Предлог-законот  образложи г. Михајло Маневски, Министер за правда.

На јавната расправа со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа
г-ѓа Радмила Шекеринска претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г. Владо Бучковски и г-ѓа Цветанка Иванова пратеници во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Ана Павловска Данева професор на Правен Факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, г. Пеце Груевски и г. Милан Живковиќ претставници  од Сојузот на синдикати на Македонија и г. Темелко Ристевски професор на Правниот факултет на Универзитетот ФОН.

Во текот на јавната расправа беа изнесени мислења, предлози и забелешки во насока на подобрување на одредбите на Предлог законот за јавните службеници.

поканапредлог-законзаклучоцистенографски белешки

Click