Совети

Вторник, 23 февруари 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлог законот за здруженија и фондации

 Националниот совет за евроинтеграции денес организираше Јавна расправа по Предлог на законот за здруженија и фондации. Образложение за потребата за донесување на законот и објаснување на целите, начелата и основните решенија на Предлог-законот даде г. Михајло Маневски Министер за правда.

 На јавната расправа, со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Димитар Мирчев и г. Александар Николоски, членови на Советот, г. Сашо Клековски, прв извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка, г-ѓа Кети Јандријеска Јованова, претставник од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, г-ѓа Ана Медарска, претставник на Фондација институт отворено општество, г-ѓа Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, г-ѓа Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи на Македонија, г-ѓа Виолета Кузмановска од Црвениот крст на Република Македонија, г. Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ и г.Суад Мисини од Истражувачкиот центар за граѓанско општество.

 Учесниците на јавната расправа ја поздравија иницијативата на Националниот совет за организирањето на јавната расправа, а во текот на истата беа изнесени мислења, предлози и забелешки во насока на подобрување на одредбите на предлогот на законот.

По Предлогот на законот за здруженија и фондации свои мислења, коментари и забелешки во писмена форма доставија Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата институт отворено општество, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, организацијата „Отворете ги прозорците", организацијата КОНЕКТ, Фондацијата „Фокус“ - Велес и еколошкото друштво „Еко-мисија“.

поканапредлог-законзаклучоцистенографски белешки

Click