Совети

Јавна расправа во организација на Националниот совет за евроинтеграции по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

4 септември (петок) 2009 година, во 11.00 часот, Собранието на Република Македонија - сала “Борис Трајковски“ Националниот совет за евроинтеграции на 4 септември 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

На јавната расправа заинтересираните субјекти изнесоа согледувања за состојбата во Република Македонија во областа на работните односи како и по однос на текстот на одредбите од Предлогот на законот.

Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа Радмила Шекеринска претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Тито Петковски член на Советот, Светлана Јакимовска и Весна Бендевска пратеници во Собранието, Ацо Спасовски претставник на Стопанската комора на Македонија, Драге Јованоски и Лилјана Јанкуловска претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, Раде Ненадиќ претставник на Националната федерација на Агенциите за привремено вработување, Лидија Димова претставник на Македонскиот центар за европско образование, Фани Каранфилова Пановска претставник на Фондација Институт отворено општество Македонија, Миле Бошков претставник на Конфедерација на работодавачи на Македонија и Раско Мишкоски претставник на Конфедерација на слободни синдикати

поканапредлог-законзаклучоцистенографски белешки

Click