Активности



Понеделник, 1 јуни 2009

Десетта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија на Десеттата седница како заинтересирано работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (Прво читање) и Предлогот на закон за внатрешни работи (Прво читање).

Членовите на Комисијата со 5 гласа „за“,  2 „против“ и 1 „воздржан“ во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и со 4 гласа „за“ и 1 глас „против“ во однос на Предлог на закон за внатрешни работи, заклучи дека Предлог законите треба да се дадат на второ читање.

Click