Активности



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Дваесет и деветта седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Дваесет и деветтата седница во прво читање ги разгледа Предлогот на закон за Воена академија и Предлогот на закон за внатрешни работи.

Претставникот на Владата истакна дека пред да се отпочне со подготвување на Предлогот на законот за Воена академија, направена е детална анализа за потребниот офицерски кадар, при што се дошло до заклучок дека е потребно континуирано подмладување на старешинскиот состав на Армијата. Со стартувањето на Воената академија во учебната 2009/2010 година, првите воени офицери ќе произлезат по четири години, кога ќе се сменат многу работи во оваа област.

Беше укажано дека нефункционирањето на Воената академија значи стагнирање на кариерата на постојните старешини и дека праксата покажала дека е многу поефикасно, поефективно и поекономично Република Македонија да школува свои офицери.

При подготвувањето на овој Предлог закон бил вклучен и Советодавниот тим на НАТО.

Во врска со Предлогот на законот за внатрешни работи, беше истакнато дека причина за негова подготовка не се реформите во рамките на функционирањето на Управата, туку основна заложба е вградување на системот на кариера, односно мерит системот при унапредување на работниците на Министерството за внатрешни работи.

По расправата, Комисијата за двата Предлози констатира дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click